Вурц верува во новите правила

Формула 1 има силна иднина со новите правила кои стапија на сила од оваа сезона е мислењето на поранешниот Формула 1 возач и Претседател на Асоцијацијата на Гранд При возачи, Алекс Вурц. 

Целосно сум убеден во новите правила и мислам дека гридот ќе се проближи. Најпрво поради буџетот и аеродинамика. На крајот на денот, некој подобро ќе ги разбере правилата, Но понатака ќе биде подобро. Има добра основа – смета австриецот.

Вурц вели дека различниот концепт на тимовите е импресивен и само штоперицата ќе ја каже вистината. За тврдењата дека Макс Верстапен ќе се мачи во одбраната на титулата Вурц се повика на Ники Лауда. 

Ќе ги искористам зборовите на Лауда. Тој изјави дека по првата титула се е полесно. Нема што да се докаже и фокусот е еден, Но мислам дека Луис има нова инспирација и тоа е возбудливо. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ