По трката во Абу Даби, Вурц гледа простор за подобрување

Претседателот на Здружението на Формула 1 возачите, Алекс Вурц, смета дека треба да се донесе рамка и да се воспостават правила за да не се повторат контроверзиите од Гранд При трката во Абу Даби.

Тој се согласува со првичната одлука да се донесе безбедносното возило на паткеата по сударот на Николас Латифи, но смета дека одлуките кои следувале потоа не биле на место.

одлуката да се испрати безбедносното возило на патеката по сударот на николас латифи беше согласно протоколите и искуството, така што тоа целосно го оправдувам. други опции како виртуелно безбедносно возило или црвено знаме можеа да бидат искористени, но класичното безбедносно возило изгледаше најсоодветен избор за ситуацијата.

првичната одлука согласно која претекнатите болиди не може да се вратат во исти круг која беше преиначена во таква што неколку болиди можеа да минат и да се вратат во исти круг сметам дка беше погрешна – посочи поранешниот формула 1 возач.

Во однос на борбата за титула, Вурц смета дека кој и да победел бил достоен за насловот, но во моментов е клучно да се променат правилата за да не се повторат контроверзиите од Абу Даби.

верувам дека макс е страшен возач и заслужува титула, но исто така и луис. ќе беше одлучно титулат годианва да беше решена без никаква контроверзија однадвор. мерцедес одлучија да не се жалат и мораме да се помириме со ситуацијата, да научиме од истата за да не се повтори во иднина.

засегнатите треба заедно да работат за да се донесе рамка на процеси кои ќе се во духот на спортот и правилата со цел да имаме фер арена за борба и јасен начин на носење на одлуки и протоколи дури и во такви тешки ситуации како што беше во абу даби.

секако дека ситуации идентични на оваа тешко дека ќе се повтората и секогаш е многу тешко да се покријат сите сиви зони, но главно е тоа што треба да ги поддржиме оние кои носат одлуки затоа што тие му помагаат на спортот и на возачите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ