Гасли ги откри деталите околу договарањето со Алпин

Пјер Гасли откри детали за неговите преговори и договарање за возачкото место во Алпин кое си го обезбеди за следната година.

Французинот беше долго време дел од Академијата на Ред Бул пред да направи трансфер сезонава и предвреме да го прекине договорот со АлфаТаури кој му беше со важност до крајот на оваа година. Пјер откри дека бил на одмор во текот на летото и сакал да се релаксира по тешкиот прв дел од сезоната кога Алпин го контактирале.

бев во грција и беше првиот ден на мојот одмор. ми требаше одмор затоа што сезоната беше многу тешка и требаше да се исклучам од се. во текот на првиот ден го имав мојот прв контакт со алпин, тогаш разговарав со лорен роси. потоа се префрлив на моите менаџери и преговорите помеѓу алпин и ред бул почнаа.

летниот одмор за време на кој сакав да се исклучам од се се претвори во сосема спротивно. секој ден контактирав со екипите и со моите менаџери, следев се, ја следев ситуацијата и развојот на настаните.

како што се доближувавме до финализирање на новиот договор, знаев дека ред бул сакаат да ме задржав и знам дека нема да биде лесно да се преговара со хелмут, но тој знаеше колку е важен тој чекор за мојата кариера и поради тоа попушти и сите добија – опиша гасли.

Холанѓанецот Ник де Врис беше одбран како замена за Гасли по импресивното Формула 1 деби на Монца со Вилијамс лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ