Гасли е загрижен за иднината на Француското ГП

Пјер Гасли изјави дека е загрижен за иднината на својата домашна трка во Франција, но е оптимист дека може да има позитивен исход. 

По речиси 10 години, во 2018 година Франција се врати на Формула 1 календарот. Земјата имаше петгодишен договор кој ја вклучуваше и откажаната трка во 2020 година. Сезонава на календарот има 22 трки, додека наредната година Катар и Кина се враќаат и се додава Лас Вегас, што значи дека една трка треба да се тргне од календарот. 

Тоа е голема причина за загриженост. Очигледно има разговори, но не ја знам ситуацијата и мислам дека имаат подршка.

На крајот на денот не е само да се стават парите на маса бидејќи има различни политички и финансики работи за кои мора согласност.

Не сум единствен французин на гридот, тука е и Окон и Алпин. Франција е дел од спортот и историјата. Сигурен сум дека ќе најдат решение – оптимист е возачот на алфатаури.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ