Гасли задоволен од чекорите на ФИА по Сузука

Пјер Гасли го поздрави извештајот на ФИА во врска со инцидентот со кранот од Јапонското Гранд При како и добрите чекори кои се превземени за подобрување на безбедноста во спортот.

Возачот на АлфаТаури беше гневен по инцидентот кога со голема брзина мина до кранот на патеката во слична случка како онаа од 2014 година кога животот го загуби Жул Бјанки. По трката, тој посочи дека одлуката да се донесе кран на пткеата додека сеуште има болиди била срамна и полна со непочитување.

Извештајот на ФИА содржи серија препораки кои ќе донесат дополнително засилување на безбедноста во однос на користење на механизација на патеката додека иа болиди се со цел да се осигура безбедноста. Извештајот се осврна и на пребрзото возење на Гасли кој се вели дека ги игнорирал основните безбедносни правила, иако Пјер сакаше да се фокусира на големата слика, а не на себе.

најмногу ме интересира она што ќе се реши за во иднина, тоа го дискутиравме со мохамед по трката во сузука. најважно беше да одиме понатаму и да се осигураме дека направените грешки нема да се повторат во никој друга тркачка категорија.

освен тоа што рекоа дека работат на проблемите, превземаа јасни чекори за во иднина. знам дека ќе разговараме на ова како возачи на нашиот брифинг и ќе имаме и ние наши насоки. но, мило ми е што многу брзо се почна да се работи на ова и се најде решение кое се имплементираше уште на следната трка.

За време на црвеното знаме во Јапонија, Пјер отиде да разговара со Едуардо Фритас кој беше директор на трката, околу кранот на патеката и излезе од таму гневен кога португалецот му кажал дека тоа е нормално. Тој откри дека повторно разговарал и дека нема никакво лично несогласување со него.

тој има свој приказна, јас имам моја приказна и како што секогаш велам, не е важно кој е во право. на крајот на денот, ние си го ризикуваме животот и поради тоа сакаме да бидеме колку што може побезбедни. секогаш ќе има ризици при возење на вакви болиди при услови какви што владееја, но ризикот мора да се минимизира.

патеките се хомологирани без кранови, тие се безбедни какви што се, така што секој надворешен фактор е дополнителен ризик. сите разбраа и јасно е на двете страни, а јас сум задоволен што веќе се најдоа решенија и насоки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ