Гасли задоволен што Вилијамс е повторно во средината

Пјер Гасли смета дека големиот напредок кој го направиле Вилијамс во пресрет на сезоната значи дека трофејната британска екипа ќе може повторно да се бори во средината на поредокот.

Последните две години тимот од Гроув е убедливо најбавен, како на квалификации така и на трка, а лани освоија само еден поен благодарение на хаосот на Германското Гранд При и казните за конкурентите. Но, знаците на напредок за тимот се очигледни, Расел напредува до К2 и почнува од 12то место на последните две трки, а до слединот квалификациски сегмент вози и неговиот колега.

Иако ритамот на трка е причина за загриженост на тимот и тие се единствени без поени во досегашниот дел од сезоната, Гасли смета дека доволно напреднале за да бидат закана во средината од поредокот.

со оглед на нашите перформанси во средината на поредокот, неколку екипи направија голем исчекор во однос на лани, особено рејсинг поинт и мекларен и веднаш направија голема предност пред нас.

вилијамс јасно е дека направиле голем напредок и може да се сметаат како дел од средината на поредокот. ние имаме за задача да го намалиме заостатокот во однос на тие пред нас и да се надеваме дека ќе можеме да ги претекнеме.

по три трки можам да потврдам дека имаме солиден болид иако знаеме и сме свесни дека има работи кои треба да се подобрат, особено во однос на аеродинамиката каде можеме да најдеме доста перформанси.

болидот нема некоја голема слабост во некоја област, но мораме да подобриме 2-3 работи за да добиеме подобар баланс. најважно е да најдеме повеќе потисна сила – посочи пјер гасли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ