Гасли избегна казна и забрана за трка

Пјер Гасли  избегна казна од ФИА за неговиот судар на Големата Награда на Австралија, што го поштеди од можна забрана за трка.

По второто црвено знаме предизвикано од Кевин Магнусен кој удри во ѕидот по што се откачи тркалото од неговиот Хаас, Гасли се најде на петтото место за рестартот на трката, но ги блокираше тркалата по свиокот број 1 за да го избегне задниот дел на Фернандо Алонсо. Тој се приклучи во вториот свиок, заедно со неговиот тимски колега Естебан Окон кој беше 10ти при рестарто, отиде кон десно и удри во неговиот колега, а потоа и двајцата завршија во ѕидот.

Двајцата возачи беа елиминирани како резултат на контактот, а дуото потоа беше повикано кај стјуардите поради наводно прекршување на член од  меѓународниот спортски кодекс на ФИА кој се однесува на стандардите за возење. Кодексот на однесување гласи:

Предизвикување судар, повторување на сериозни грешки или појава на недостаток на контрола над болидот (како на пример напуштање на патеката) ќе бидат пријавени кај стјуардите и може да предизвика наметнување казни до и вклучително дисквалификација на секој засегнат возач.

Речиси пет часа по состанокот со стјуардите, резултатот беше да не се преземат дополнителни дејствија врз Гасли. Ова го поштедува поранешниот возач на АлфаТаури од потенцијална забрана за трка, поради тоа што Гасли веќе има 10 од 12 можни поени потребни на неговата лиценца за да биде суспендиран од некој настан. Образложението на ФИА вели:

Стјуардите го сослушаа возачот на болидот 10 (Пјер Гасли), возачот на болидот 31 (Естебан Окон), претставник на тимот и ги прегледаа податоците од системот за позиционирање и видео докази во болидот и утврдија дека се работи за тркачки инцидент од првиот круг.

Двајцата возачи го препознаа тоа и ја прифатија одлуката како таква.

Гасли има најмногу казнени поени на својата тркачка лиценца, 2 пред поранешниот возач на Мекларен, Даниел Рикардо и Ленс Строл од Астон Мартин и мора да чека 12 месеци по секоја опомена за да се намали бројот на поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ