Гасли и Окон се доволно зрели да работат заедно во Алпин

Пјер Гасли верува дека тој и Естебан Окон ќе ги надминат разликите и недоразбирањата и ќе соработуваат заедно за успех на фабричкиот тим Алпин. 

Двајцата се пријатели од детството, возеа заедно уште од деновите минати во картинг, но имаа различни проблеми како што напредуваа. Многумина веруваат дека тие двајца не може да се колеги без потенцијална тензија, но Гасли верува дека има многу повеќе во игра и сака тимот да биде позитивен. 

Мислам дека е повеќе од личниот однос. Се зборуваше за нашиот однос кога имавме шест години во картинг во нашиот град. Кога имаше снег, немаше никој на патеката освен нас.

Во тоа време сонувавме за Формула 1 и знаевме дека еден од нас ќе има шанса, Но да се тркаме во ист тим и тоа француски е нешто одлично.

Имавме добри и лоши моменти во нашиот однос, но верувам дека има шанса за нас и треба да го оставиме минатото назад. Доволно сме зрели да знаеме што е добро за нас – објасни пјер.

Гасли призна дека двајцата сфатиле дека мора да работат за доброто на тимот Алпин. 

На крајот на денот, наша цел е да се бориме за предниот ред и сакаме подиуми, сакаме победи и мора да му помогнеме на тимот. Затоа не сум загрижен бидејќи се работи за наше добро. Се познаваме и доволно сме зрели. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ