Гасли незадоволен што не завршил во топ 6

Возачот на Алпин, Пјер Гасли верува дека можел да донесе повеќе поени откако стартуваше на четврта позиција на трката во Шпанија.

Но сепак имаше лош старт и се најде во борба со Серхио Перез кој го исфрли од патеката и падна на 14та позиција.

Тој мораше да се бори да се врати во поени и да го престаса поспориот Оскар Пиастри кој се бореше со трошењето на гумите на неговиот Мекларен. Јуки Тсунода доби казна поради што Гасли заврши во поени.

Искрено сум разочаран бидејќи се квалификував на четврта позиција и завршив на десетта. Загубив шест позиции во трката но знаев дека ќе биде гужва во средниот ред. Во вториот свиок го избегнував Чеко и завршив во песокот каде загубив позиции и од таму се промени трката.

По подиумот во Монако, Алпин се сигурни дека може да им парираат на Мерцедес и Ферари.

Успеав да стигнам до 10та позиција но мислам дека можев уште понапред. Добро е што имавме добри квалификации и верувам дека имавме брзина да ги стигнеме Астон Мартин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ