Гасли не би менувал ништо во својата кариера

Пјер Гасли откри дека не би менувал ништо во својата Формула 1 кариера и покрај конфликтите што ги имаше како дел од семејството на Ред Бул.

Французинот дебитираше кон крајот на 2017 година о Торо Росо и остана цела сезона кај нив пред следната да биде унапреден во Ред Бул. Не се снајде во сениорската екипа и не можеше да фати чекор со Макс Верстапен по што беше вратен во Фаенца по пола година во Милтон Кинс.

По враќањето во Торо Росо и транзицијата во АлфаТаури, тој стана лидер на екипата и возач кој го развиваше болидот, а догодина ќе вози заедно со Естебан Окон во фабричкиот Алпин тим.

не би менувал ништо затоа што таква е мојата кариера и мојата приказна со ред бул. навистина верувам дека ми било судено да го минам тој пат, требало да биде така. научив многу и сега сум во далеку подобра позиција и многу посилен возач од порано.

денеска сум ваква личност благодарение на искуството кое го стекнав, пораснав и напреднав, се развив, како на патеката така и надвор од неа. ако ме прашате, ништо не би менувал. имам 26 години и секоја година сум се подобар, како добро, црвено вино.

не знам кога тоа ќе престане, но лично ќе се трудам константно да напредувам и мислам дека сеуште не сме го виделе најдоброто од мене. навистина сум благодарен за се до сега, можеше и понаку, но на крајот на денот, се се случи со некаква причина.

научив многу што ми е мене навистина многу важно – посочи гасли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ