Гасли објасни зошто загубил две позиции на крајот

Откако беше 6то место пред крајот на Гранд При трката во Мајами, Пјер Гасли морал да почне да штеди гориво, по што останал ранлив во однос на својата позиција.

На почетокот одд трката, возачот на Алпин беше дури на 4то место, потоа назадуваше и беше минат од Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Французинот ја заврши трката на 8мо место, со колегата Окон зад себе.

имав одличен старт и стигнав дури до 4то место, возев кругови како саинз и алонсо пред мене. за жал, тие потоа станаа побрзи, а јас дадов се од себе и направив се што можам.

во втората серија бев на 6то место на 15 кругови пред крајот. морав многу да штедам гориво што беше многу лошо затоа што ферари и мерцедес зад мене многу бро ме стигнуваа.

сакав да дадам се од себе, но во исто време требаше да штедам готиво, а видо како шарл леклер секој круг ме стигнуваше и на 4 кругови пред крајот успеа да ме помине. се борев со мерцедес и со ферари до крајот на трката што покажа дека сме напреднале викендов.

мораме да гледаме на позитивните страни, двоен финиш во поени за тимот е одлично и се надевам дека можеме да се надоградиме на тоа и да ја намалиме разликата во однос на нив – посочи пјер.

Двојните поени за тимот дојдоа во викенд во кој Главниот извршен директор на брендот, Лорен Роси, јавно ја критикуваше екипата по лошиот почеток на сезоната и разочарувачките греши.

мислам дека сите сме разочарани од првите четири трки, не успеавме да ги искористиме можностите кои ги имавме и поради тоа немавме поени. јасно е дека сакаме повеќе и сакаме да се бориме со мерцедес и со ферари пред нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ