Гасли: Озборувањата за Окон ме засмеваат

Пјер Гасли изјави дека пишувањата на медиумите за затегнатите односи помеѓу него и неговиот нов колега, Естебан Окон го засмеваат. 

Тој ќе дебитира во Алпин наредната година откако помина неколку сезони во АлфаТаури и ќе биде колега со сонародникот Окон кој ја вози четвртата сезона во тимот. Двајцата се познаваат речиси цел живот, уште од картинг деновите. 

Знам дека сакаат да продадат приказна. За мене не е тајна дека сме имале добри и лоши моменти, но го познавам 20 години, Растевме заедно и сме разговарале константно. Нема причина зошто да не биде се во ред.

Ваквите наслови ме засмеваат. Има ривалства во секој тим. Најважно е да биде здрава средина, Мора да има почит на патеката и не сум загрижен за ништо друго. 

Алпин оваа сезона ја заврши на четврта позиција победувајќи ги Мекларен, но наредната година Гасли се надева на подиуми и жестока борба. 

Тие беа четврт најбрз тим на гридот. Следна цел е топ 3. Верувам дека е можно. Направија голем напредок во минатите години. Мислам дека може да се борат во топ 3. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ