Гасли очекува повеќе подиуми по Унгарија

Пјер Гасли изјави дека ќе има повеќе шанси за подиум за АлфаТаури откако не успеаа да дојдат до подиум поради инцидентот во првиот круг на трката во Унгарија. 

Французинот дојде до шокантна победа на Монца во 2019 година, а имаше шанса за подиум и во Бразил истата година. 

Во Унгарија се квалификуваше на 5та позиција, но беше истуркан од патеката во хаосот на стартот. На крајот, трката ја заврши на 6то место, но поради дисквалификацијата на Фетел, ја доби 5та позиција. 

мислам дека имав шанса во Баку да дојдам до подиум. Во Унгарија немавме многу среќа иако не очекувавме поени, но ќе има уште многу луди трки.

Се води жестока битка на врвот и има чуди ситуации што ни создаваат шанси. Мора да се фокусираме на тоа.

во унгарија имавме среќа со хаосот на стартот и можевме да водиме, се надевам дека ќе има и други шанси – посака гасли.

Гасли остана фрустриран бидејќи имаше силна позиција на квалификациите што го остави загрозен на стартот од хаосот, но сепак помина без оштетувања. 

Не знам што да кажам освен дека Валтери направи голема грешка и уништи шест болиди. Среќа немавме штета споредено со Макс, Ландо и Перез, но сакавме да извлечеме максимум.

Мислам дека бевме подобри на квалификации од Ферари и Мекларен и сме во подобра позиција, Но никогаш не знаеш што ќе се случи.

Од првиот свиок беше тешко да се вратиме во добра позиција, Но на крајот и шеста позиција беше одлична иако сакавме подиум што беше можен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ