Гасли подготвен да “се лакта“ за позиција

Возачот на АлфаТаури, Пјер Гасли, одработе уште едни одлични квалификации со влезот во последниот сегмент и импресивното 7мо место денеска.

Французинот многу лесно напредуваше во секој сегмент, а средните 15 минути ги заврши сп 4то време вкупно, а откри дека тоа се должи на подобрувањата на АТ01 болидот направени во текот на ноќта.

извонредна сабота и задоволен сум од мојот квалификациски резултат. во петок ни беше тешко, но тимот одработе одлично од петок до сабота и ги направи вистинските промени во текот на ноќта за да ми дде болид од кој можам да извлечам максимум.

беше одлично да се заврши к2 на 4то место, а к3 на 7мо, пред два болиди на ферари, мекларен и ред бул и тоа е најдобар резултат на кој можевме да се надеваме.

се фокусираме на трката утре и подготвен сум да “се лактам“ за позиција и ќе дадам се од себе да донесам најдобар можен резултат за себе и за тимот – најави гасли.

И покрај старт од 4от стартен ред, тој не очекува лесна трка и многу поени затоа што е свесен дека разликите во стратегиите ќе донесат многу непредвидени моменти.

не мислам дека ќе биде лесно со гумите кои ги имаме на располагање, а ние ќе почнеме на медиум што секогаш беше наш план. мислам дека ќе биде тешко затоа што ги анализиравме компонентите и сигурно два пати ќе промениме гуми.

ќе треба повторно да ги анализираме бројките, можеби и едно застанување е возможно, но ќе видиме како ќе се одвива трката.

Французинот не пропушти да го испофали тимот затоа што му дале болид од кој можел да извлече максимум.

екипата направи фантастична работа затоа што му даде болид мој можев одлично да го почувствувам и да извадам максимум од него. успеав во тоа и се надевам дека ќе продолжам утре.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ