Гасли позитивен и покрај лошите квалификации

Првите квалификации на Пјер Гасли со Алпин не беа добри, но французинот останува позитивно расположен за денешната трка.

Неговите перформанси на тренинзите посочија дека може да стигне до последниот квалификациски сегмент, но тоа го постигна само неговиот колега, Естебан Окон, кој ќе тргне од 9то место денеска. Гасли не можеше да ивади перформанси од А523 болидот во тесниот прве сектор.

секако дека не посакував ваков почеток, да бидам надвор уште по првиот сегмент. имам многу за надоместување утре, цела трка пред мене и дефинитивно сум позитивен дека можам да освојам поени викендов – вели пјер.

Поранешниот штитеник на Ред Бул сеуште не знае зошто не можел да извади перформанси од својот болид.

за жал, не се чувствував удобно во болидот денеска и тоа значи дека бевме далеку под она што можевме. има многу работа пред нас во однос на разбирање на болидот и јас сум убеден дека следните квалификации ќе бидат далеку посилни. фокусот ми е на трката и нетрпелив сум да дадам се од себе тогаш.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ