Гасли посочи кој е ривал на Алпин

Алпин се приближува на борбата со топ 3 тимовите оваа сезона, но Пјер Гасли смета дека еден тим ќе биде во борбата за четвртата позиција. 

Според него, Алпин мора да внимаваат на Астон Мартин. Британскиот тим беше импресивен на тестот и Алонсо извозе поголем дел од круговите на тестот поради повредата на Ленс Строл. 

Ќе видиме како ќе одат работите, но нашата цел е топ 3. Не треба да гледаме назад и да ги исклучиме другите тимови, Но Астон Мартин беа доста солидни на тестот.

Има и други екипи кои беа солидни, Но сметам дека целта е да се приближиме до топ 3. доколку тоа значи да имаме осамени трки или да се бориме за подиуми, тогаш би било поинтересно. Јасно е дека сакаме да одиме напред – откри пјер.

Гасли оваа година дојде во Алпин и смета дека болидот е доста различен од тој на Алфа Таури каде возеше речиси цела своја Формула 1 тркачка кариера.

Очигледно се е ралзично. На крајот на денот сепак има волан и две педали. Болидот се однесува различно, Но по неколку кругови станува поудобно. Ова беше најдобар тест до сега. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ