Гасли по бришењето на казнените поени: Ми олесна

Пјер Гасли оди во Монако со драстично намален ризик од забрана за учество на трка откако дел од неговите казнени поени застареа и се бришат од суперлиценцата.

Поради низа мали и ситни прекрошци тој дојде до 10 казнени поени, што значеше дека следните два ќе му донесат казна за учество на една трка. Притисок повеќе направи и тоа што направи трансфер во Алпин и мораше да биде многу внимаелен на првите трки со нив. Во Австрија имаше судар со колегата Естебан Окон и стравот за казнени поени тогаш беше најголем, беше на разговор кај стјуардите, но “куртули“.

Потоа следуваа градските Баку и Мајами кои ги комплетираше без инциденти, а откажаната Емилија Ромања само му помогна да дојде до 22 Мај кога застаруваат 2 негови казнени поени заработени во Шпанија лани. Во пресрет на трката низ Кнежевството, тој има 8 казнени поени.

лично мислам дека казнените поени не влијаеа над моите перформанси и мојот пристап кон тркањето. секако дека не беше идеална ситуација и секогаш мислев на тоа, но јас сум возач кој ја почитува патеката, секогаш се борам до лимитот, не превземам луди ризици и поради тоа останав смирен.

одлично е што знам дека имам два поени помалку викендов и нема д мора премногу да разсмислувам на грешка и казна.

На 10 Јули на французинот му се бришат уште три поени од лиценцата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ