Гасли предвидува: Џеда ќе биде многу тешка

Возачот на АлфаТаури, Пјер Гасли, верува дека Џеда Корниш патеката ќе биде многу комплицирана и тешка за Формула 1 возачите претсојниов тркачкит викенд.

Саудиска Арабија за прв пат викендов ќе биде домаќин на Формула 1 трка на новоизградената градска патека околу Џеда долга над 6 километри со дури 27 кригивни и ѕидови непосредно до патеката, а очекувањата се дека просечната брзина на трка ќе биде над 250 кмч.

од она што го видов на симулаторот, саудиска арабија има многу тешка и брза патека со голем број на летечки кривини, некои од нив слепи. мислам дека ќе биде тешко за нас возачите и ќе има огромен предизвик поради фактот што асфалтот е целосно нов. никој не се тркал таму претходно, нема воопшто гумен слој по асфалтот, а веројатно маслото сеуште ќе излегува од свежиот асфалт што е нормално кај сите нови патеки.

така, следува градска патека со многу грип што ќе биде огромен предизвик дотолку повеќе што никој нема податоци што да очекува од патеката – најави гасли.

Французинот ја стартуваше претходната трка од првиот ред, а заврши без поени на дури 11то место.

секако дека темелн проучувавме и анализиравме зошто имавме толку лоша трка и секако дека се надеваме оти нема да се повтори. за жал се наоѓаме во мног утешка позиција во шампионатот затоа што алпин имаа одличен викенд во катар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ