Гасли: Решавањето на потскокнувањето нема да влијае на перформансите

Пјер Гасли верува дека било каква промена на правилата која ќе ја донесе ФИА за да го намали или целосно отстрани потскокнувањето кај болидите ќе има само минимален удел врз поредокот.

Во пресрет на Канадското Гранд При, ФИА објави техничка директива до екипите со која најави дека ќе се вмеша во спречување на потскокнувањето поради загреиженоста во однос на безбедноста. Федерацијата првично ќе се фокусира на собирање податоци викендот, а потоа ќе даде и лимит колку болидите смее да потскокнуваат за да се спречи неудобноста на возачите која може да влијае над нивнта концентрација.

Џорџ Расел и Луис Хамилтон беа помеѓу најгласните поборници за да се промени нешто откако цела сезона се мачат да фатат приклучок до Ферари и Ред Бул атоа што нивниот В13 губи перформанси поради силното потскокнување. Во падокот има и доста противнци на промените, пред се Кристијан Хорнер, кој вели дека не е фер да се казнат екипи кои на време си го решиле тој проблем.

гледајќи по камерите надвор во болидот не се ние гледа јасно. среќен сум што сите сфативме дека ова е сериозна тема за во иднина и дека не жалиме само затоа што заостануваме, не е така.

сите го сакаме овој спорт и се обидуваме да биде подобро место за во иднина. загрижени сме за нашето здравје, а не за перформансите – изјави гасли.

Краткорочното решавање на потскокнувањето најмногу ќе им штети на екипите кои имаат најголем проблем со истото поради обврската да се подигнат болидите за да го снема проблемот, но секое подигнување ќе губи перформанси.

веќе разговаравме за тоа дека промените кои ќе се направат ќе имаат минимално влијание вр перформансите – посочи французинот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ