Гасли се соочува со забрана за трка во Баку

ФИА предизвика хаос со изборот за рестарт од стартниот грид во завршните етапи на Големата Награда на Австралија, но одлуката беше правилна.

Сепак, за Пјер Гасли мислењето е можеби поинакво, затоа што тој може да се соочи со суспензија за следната трка во Формула 1 во Баку.

Веднаш настана хаос за време на доцниот рестарт, во кој беа вклучени тимските колеги од Алпин, Пјер Гасли и Естебан Окон. Двајцата возачи се судрија и завршија во заштитната ограда, но до инцидентот дојде откако Гасли ненадејно го затврои Окон. Инцидентот го истражуваат стјуардите и потенцијално може да има далекусежни последици за Гасли.

Тоа е затоа што французинот има 10 казнени поени на лиценцата. Доколку биде казнет за сударот со Окон, тоа во основа ќе доведе до суспензија од една трка. Тоа би значело дека на Гасли нема да му биде дозволено да стартува во Азербејџан.

Претходно, тимскиот шеф Отмар Шафнауер навести дека се обидел да ги отстрани казнените поени за помали прекршоци од лиценцата на Гасли, но наиде на отпор од другите Ф1 тимови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ