Гасли: Со Алпин можам да постигнам се

Пјер Гасли смета дека нема граница на она што може да го постигне со тимот на Алпин каде направи трансфер за сезонава.

Тој стана дел од францускиот производител за 2023 година заминувајќи од семејството на Ред Бул по долги години. Неговиот престој кај “биковите“ беше турбулентен и најголем дел минат во сестринскиот АлфаТаури / Торо Росо. Партнер во тимот од сезонава ќе му биде Естебан Окон, возачот со кој биле одлични пријатели во јуниорските денови, но потоа и жестоки непријатели.

нема да лажам ако кажам дека трансферот е огромна промен за мене по девет години минати во ред бул. почнувам нов проект со алпин и гледајќи ги ресурсите кои им се на располагање можам да заклучам дека да се биде фабрички тим е неверојатна работа.

нема лимит, нема плафон на тоа што може да се постигне, јас не сум навикнат така, туку секогаш сум работел со ограничување и затоа овој пат сум пресреќен – соопшти гасли.

Минатаа година Алпин ја заврши на 4то место кај констукторите по борбата со Мекларен која траеше цела година. Целта на екипата е задржување на 4то место во поредокот и намалување на заостатокот до водечките.

екипат сака да го консолидира 4то место освоено лани, но на подоминантен начин со повеќе завршени трки и посилни перформанси. знаеме дека мерцедес, ферари и ред бул не спиеја во текот на зимата и сите имаат напредок.

но, ние знаеме што ние имаме напавено и знаеме дека моежме да им се доближиме. веруваме во луѓето и менталиттот кој го имаме, но мораме да почекаме да го возиме болидот за да видиме колку перформанси иаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ