Гасли фрустриран од ужасната домашна трка

Пјер Гасли имаше големи очекувања за неговата домашна трка на Пол Рикар, но бесмисленото возење на возачот на АлфаТаури до 12то место во неделата беше далеку од неговите надежи.

Разочарувачкиот викенд на Гасли започна со шокантната елиминација во К1 во квалификациите, а тој самиот не можеше да ја објасни причината. Од 14то место на гридот, локалниот херој кој имаше своја трибина на Пол Рикар, постигна мал напредок во текот на попладнето кое го заврши на 12то место, иако само неколку секунди надвор од бодовите.

Гасли уште еднаш посочи на лошо управување со болидот како основна причина за неговата лоша трка.

Се обидовме да се бориме за да се вратиме во бодовите и она што успеавме е 12то место, што очигледно не се перформансите што би ги сакале.

Навивачите и гледачите направија тоа да биде посебен викенд за мене, но јас сум крајно разочаран од настапот што го прикажавме.

Да знаев што е проблемот, можеби ќе го променевме, но имаше само многу лизгање наоколу и недостаток на грип, особено во свиоците со голема брзина.

Пробав се што можев во болидот да притискам, менувајќи линии, но ништо не кликна.

Очигледно, не сакам да избрзувам со какви било заклучоци, но врз основа на темпото што го имавме, треба да разгледаме за да разбереме зошто петокот помина толку добро и оттогаш па натаму беше постојана борба.

Завршивме само 3 секунди зад 10то место, така што не сме многу далеку, но нема поени за 11то и 12то место.

Сега е важно да се обидеме да го разбереме овој нов пакет. Ќе биде потребно извесно време, но е прилично тесно во средниот ред, па мораме да ги најдеме решенијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ