Гасли, Хамилтон, Рикардо, Жу, Окон и Алонсо приајвени кај стјуардите

Пјер Гасли и Луис Хамилтон се двајца од вкупно шест возачи кој ќе мора да се појават пред стјуардите поради прекршоци на денешниот кус спринт на бразилски Интерлагос.

Пјер Гасли е на само два поени од казна за настап на една трка, така што кај него ризикот е најголем, а во Сао Паоло ќе мора да се оправда зошто возел премногу бавно на загревачките гругови во пресрет на стартот од спринт трката. Нилс Витич, директорот за трка, ги информирал возачите дека мора да останат во максимално пропишаното време помеѓу двете означени линии во своите белешки пред трката како редовна процедура.

Николас Латифи се појави пред сјуардите во Мексико за ист прекршок пред две недели и доби само опомена, така што веројатно и Гасли ќе го добие истото и ќе се спаси од срам.

Контролата на трка забележала прекрување на стартната процедура кај Луис Хаилтон, Даниел Рикардо и Гуанју Жу и стјуардите најавиј истрага за тоа. Исходот од истрагата може да го доведе под знак прашалник освоеното 3то место од Луис Хаилтон, иако главниот инженер на Мерцедес, Ендру Шовлин, тврди дека возачот соодветно се наместо во своето стартно место.

Последниот инцидент кој се истражува е оној помеѓу болидите на Алпин кои два пати имаа контакт во првиот круг од трката, а подебелиот крај го извлече Фернандо Алонсо. Двајцата имаа конткт на 4та кривина кога Естебан мина од внатрешниот дел претекнувајќи го колегата, нешто што стјуардите рекоа дека нема да го истражуваат, но на главниот правец беше опасно кога Алонсо сакаше да ја врати загубената позиција и беше агресивен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ