Гасли: Штета е што си замина Џовинаци

Возачот на АлфаТаури, французинот Пјер Гасли, жали што Антонио Џовинаци си замина од Формула 1. 

По три сезони со Алфа Ромео, италијанецот го загуби местото во тимот и на негово место ќе дојде Гуанју Жу, кинезот кој доаѓа од Формула 2. Тој ќе ја продолжи кариерата во Формула Е каде ќе вози за Драгон Пенске тимот и ќе биде резервен возач за Алфа Ромео и Ферари наредната сезона. Сепак италијанецот се надева дека ќе се врати на гридот во 2023 година. 

Антонио Џовинаци, навистина ми е жал што ќе го напушти падокот бидејќи е многу фино момче – откри гасли.

Гасли има добри односи со сите на гридот, но имал посебно пријателство со Џовинаци, Леклер и Јуки Тсунода. 

Шарл ми е најдобар пријател во падокот, Јуки ми е колега и имаме одличен однос. Со сите сум добар, но најблизок сум овие тројца. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ