Гасли ја донира кацигата од Имола на Фондацијата Сена

Возачот на АлфаТаури, французинот Пјер Гасли, ја донираше својата заштитна кацига инспирирана од Аиртон Сена која ја носеше на ланската Голема награда на Емилија Ромања на Фондацијата Сена.

Возачот ја носеше кацигата откако претходно доби дозвола за тоа од семејството на прерано починатата бразилска легенда на трката која значеше прво враќање на спортот на патеката на која во 1994 година Сена го загуби животот. Иако французинот имаше одлични квалификации со 4то место, имаше технички проблеми на тркаа и се повлече.

Кацигата ќе биде понудена на аукција за да се соберат пари за добротворната фондација Сена која го поддржува образованието на младите во родниот Бразил. Возачот исто така направил и мала верзија на кацигата, двојно помала од оригиналната, чиј визири лично ги потпишал и тие примероци исто така се понудени на Фондацијата.

Формула 1 и сезонава се враќа на Имола која ќе се вози како 3та трка од календарот на 18от ден од Април.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ