Гасли ја прифаќа вината за излетувањето

Возачот на Алпин на кој веќе еднаш му се запали болидот на слободниот тренинг, ја прифаќа вината за излетувањето на квалификациите низ Баку. 

Гасли на првиот и единствен тренинг имаше проблем со моторот кој се запали и им отвори работа на механичарите кои успејаа да го подготват болидот за квлаификациите. Но сепак, во К1 тој удри во бариерата на третиот свиок и го донесе второто црвено знаме. 

Разочаран сум затоа што Имав тежок ден. Тренингот не беше според планот и откако имавме проблем со хидрауликата, Механичарите завршија одлична работа и беше доста тешко да се подготви болидот за квалиикациите. Не кочев доволно брзо и силно и излетав во ѕидот. Фрустрацијата е поради новиот формат, но се враќаме свежи на спринтот – најави французинот.

Штетата на Гасли ги врати назад Алпин кој донесоа надградби на болидот и не можеа да ги пробаат. 

Мора да ги ви диме позитивните работи и мислам дека ова е предизвик за нас. Би сакал да освоиме поени на спринтот и на трката бидејќи има шанси за престасување и се надевам дека ќе направиме изненадување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ