Гасли ќе дебитира за Алпин во Абу Даби

Пјер Гасли ќе дебитира за својата нова екипа, фабричкиот Алпин, по крајот на сезоанта на тестот кој ќе биде организиран во Абу Даби.

Французинот целата своја Формула 1 кариера ја мина како штитеник на Ред Бул возејќи за Торо Росо односно АлфаТаури освен една полу-сезона кога возеше крај Верстапен. За следната година тој потпиша за Алпин.

Францскиот тим потврди дека Гасли ќе биде ослободен од обврските кон Ред Бул по Гранд При трката во Абу Даби, финалето од сезоната и така ќе може да го вози А522 на тестот. Еднодневниот тест ќе се одржи на 22 Ноември на Јас Марина, патеката домаќин на финалето од сезоната.

Како млад возач за Алпин ќе вози нивниот штитеник Џек Дуан, а замената на Гасли во АлфаТаури, Ник де Врис, доби дозвола да вози за АлфаТаури. Оскар Пиастри е ослободен од Алпин и може да вози за Мекларен на тестот, негово прво појавување во портокаловиот болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ