Гасли ќе се откажел по само 10 круга

Пјер Гасли изјави дека речиси ќе се откажел од Австриското Гранд При по само 10 круга на Ред Бул Ринг поради проблем со сопирачките. 

Французинот стартуваше од 12та позиција и го задржа пласманот на почетокот за да на крајот финишира на 7мо место. Тоа се први поени за тимот под новото име откако 13 години беше познат како Торо Росо, а годинава се ребрендираа во АлфаТаури.

Ние бевме блиску да го повлечеме болидот. Тимот ме прашуваше дали да го повлечат болидот откако ми пропадна педалта за сопирање и сопирачките креваа голема температура. така од еден круг за откажување веќе во наредниот останавме и завршивме на седма позиција – раскажа гасли.

АлфаТаури завзема место во средниот ред зад Мекларен, Рејсинг Поинт, Рено и Ферари а пред Хаас, Алфа Ромео и Вилијамс.

Знаевме дека Рено, Мекларен и Рејсинг Поинт ќе бидат брзи. На крајот е добро што без проблеми извозевме до крај и освоивме поени. Добро е да се заврши на седма позиција на првата трка во сезоната. 

АлфаТаури сеуште го бараат проблемот на Квјат. Русинот се откажа во претпоследниот круг кога му пукна задната лева гума. Пирели потврдија дека тоа не било поради откажување на гумата, а Квјат жестоко преминуваше преку тротоарите на Ред Бул ринг откако се бореше со Окон и Фетел.  

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ