Германците не се откажуваат од трка

Двете најпознати германски автодроми не се откажуваат од организација на Гранд При трка во блиска иднина.

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, неодамна потенцираше дека германскиот пазар е едно од најголемите разочарувања затоа што не гледа долема желба од тамошните промотери и организатори да организираат Гранд При тркачки викенд. Сепак, оперативниот шеф на Хокенхајм, Јорн Теске, го демантираше италијанецот.

фактот дека хокенхајмринг сака да биде во формула 1 не е нов, но свесни сме дека има пречки за остварување на тоа – вели теске.

би биле воодушевени да и посакаме враќање на формула 1 на нирбургринг, но тоа мора да биде економски исплатливо – смета портпаролот на нирбургринг, александер герхард.

Теске потенцираше дека е јасно оти најголем проблем за нив се секако паеите.

се додека има толку многу земји кои немаат проблем да плаќаат огромни суми за формула 1 трки кои нема начин да се рефинансираат и вратат, ќе биде тешко за нас да ја играме таа игра.

Тој смета дека коментарите на Доменикали се поради фактот што германскиот пазар е многу значаен за тркачката серија.

јасно е дека за недостатокот на трка во германија не може да се виновни само тркачките патеки. ние немаме сила да направиме нешто такво, а тоа и не е наша работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ