Хокенхајм сака да биде дел од ротациски календар

Надежите за Германија да се врати на Формула 1 календарот не се мртви, изјави шефот на Хокенхајм Јорн Теске. 

Иако Германија одамна не е на календарот, сепак се повеќе се зборува за враќање во врвната моторспорт тркачка серија. Благодарение на Стефано Доменикали, се зборува за евентаулен ротациски календар во иднина. 

Зборуваме со Формула 1 за Германија. Задоволни сме од враќањето на Ауди на гридот, тоа ни носи нова динамика во разговорите, Но секогаш сме во контакт со Ф1 и нема да престанеме со тоа. сепак, тоа не секогаш значи дека имаме нешто ново. Ауди е глобален играч и ние сме заинтересирани за евентуални идеи – вели теске.

Хокенхајм во последните години не е во ситуација во која би можеле да го платат учеството за да бидат на календарот. 

Не сакаме Формула 1 трка да не уништи. Со целата почит, бараме начин да ги исполниме сите интереси.

Разбирам дека Формула 1 сака различност на календарот, но немаме преголеми ресурси со кои би се останале повеќе од две години. Со целосна почит, но имаме две патеки во Германија и мислам дека имаме доволно фанови. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ