Нема повеќе бесплатно гледање трки во Германија

Формула 1 во иднина нема да има бесплатни телевизиски преноси во Германија. 

РТЛ целосно ги загуби правата од Скај пред две години иако имаше договор да пренесува четири трки во живо до минатата сезона. Сеуште не е познато дали ќе се продолжи договорот кој и дозволуваше на телевизијата бесплатен пренос на трките.

Одлучивме да не пренесуваме Формула 1 трки во 2023 година. Се концентрираме на фудбалот и на новите НФЛ права – изјавија од РТЛ. 

Ова е прв пат во Германија да не се гледа Формула 1 трка на бесплатна телевизија, но сепак, Скај нуди платен пакет преку ПроЗибенСат1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ