Годинава ќе има повеќе Ф1 Лајв настани, потврди Брачес

Комерцијалниот шеф на Формула 1, Шон Брачес, потврди дека годинава тркачката серија ќе организира повеќе Ф1 Лајв настани, налик на ланскиот во Лондон.

Лондонскиот настан беше новина која се одржа во пресрет на Британското Гранд При во Силверстон, сите 10 екипи ба присутни на истиот, а од возачите фалеше само Луис Хамилтон.

Следните настани од таков тип нема да бидат толку големи. Планираме нешто слично во Марсеј, Берлин, Милано, Шангај и Мајами, но не со толку болиди и во толкав обем.

Веруваме дека таквиот конакт со публиката надвор од тркачката патека е многу важен затоа што носи порака до луѓето кои не доаѓаат на трките и патеките.

Формула 1 низ годините беше толку многу ексклузивна и достапна само за заинтересираниот мал број на луѓе. Истото се однесува и на спонзорите. Постои голем интерес од страна на компаниите кои сеуште не се дел од Формула 1 -објасни Брасчес.

Гледаноста на Формула 1 минатата година порасна за 6,2%.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ