Градоначалникот на Сао Паоло најавува нов 10-годишен договор

Градоначалникот на Сао Паоло е убеден дека Формула 1 Гранд При трката ќе продолжува да се одржува во “неговиот“ град.

Викендов на Интерлагос беше преполн со шпекулации откако годинава новоизбраниот Претседател Жаир Болсонаро, јавно кажа дека сака да ја префрли трката во поголемиот Рио де Жанеиро и за таа намена да изгради целосно нов ултра модерен автодром.

што се однесува до неас, формула 1 останува во сао паоло и следните десет години.

имаме состанок со чејс кери во првата недела од декември за да ги формализирами и финализираме сите детали – најави жоао дориа, градоначалникот на сао паоло.

Дориа се пофали дека е многу важно тоа што шесткратниот првак, Луис Хамилтон, дал поддршка за останување на трката на легендарниот автодром.

имаме голема традиција овдека, а сите возачи сметаат дека интерлагос е една од најдобрите и најзначајните патеки во светот.

не сакам да влегувам во никаква дебата со градоначалникот на рио, витзел, претседателот болсонеро или било кој друг, затоа што ние работиме и даваме се од себе – заврши дориа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ