Магнусен пешачел 1,5 часа до боксот во Бразил

Кевин Магнусен откри дека неговото лудо пешачење по патеката назад до падокот во Интерлагос се покажало како најопасниот дел од неговиот викенд за Големата награда на Бразил.

Магнусен се откажа од трката откако Даниел Рикардо од Мекларен удри во задниот дел од болидот на данецот, што доведе до откажување за двајцата возачи уште на почетокот од трката. Кога медицинското возило пристигна на местото на настанот, Рикардо брзо седна на едното слободно место во автомобилот кое потоа го пренесе возачот на Мекларен во боксовите.

Во меѓувреме, без начин да се врати во падокот, Магнусен немаше друг избор освен да ја следи трката од зад бариерите повеќе од час и половина, а потоа да чека некој да дојде и да го земе, но никој не се појави.

Беше лудо. Не знам што се случи, но тоа беше најопасното нешто што го правев цел викенд покрај целото возење.

Од која било причина, не успеав да се вратам во боксот. Даниел ме елиминираше од трката, а потоа скокна во медицинското возило и се врати во боксот, А јас останав на страната и ја следев целата трка. Можам да го преживеам тоа, тоа е во ред.

Потоа се обидов да зборувам со редарите, но тие не зборуваа англиски, ниту еден збор. По трката, чекав некој да дојде да ме земе, а редарите почнаа да заминуваат. не знаев што да правам.

Магнусен на крајот тргнал пеш, но неговиот напредок бил запрен со ограда. За среќа, група редари дошле да му помогнат.

Завршив покрај ограда каде не можев да најдам начин да поминам. Се разбира, можев да ја изодам целата патека и да одам наоколу до стартно-целната рамнина, но тука беа сите навивачи.

Тогаш, некои од редарите сфатија дека имам проблем и направија дупка во оградата и ми помогнаа.

Редарите добро се погрижија за мене додека шетав меѓу бразилските навивачи, но претпоставувам дека можеше да биде лошо. Мило ми е што не бев Луис Хамилтон во Зандворт – на шега објасни к-маг.

На крајот, тој го нашол патот назад до гаражата на Хаас, каде што работата за демонтирање била во тек. Подоцна организаторите на трката се извинија што го оставиле на цедило и сам.

Тие се извинија, но мисла дека тоа беше прилично чудна ситуација. Само дојдете и земете ме, колку може да биде тешко? Беше нереално. Се надевам дека тоа нема да се повтори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ