Гросжан задоволен од заздравувањето на раката

Французинот Роман Гросжан е задоволен од заздравувањето на неговит еизгореници со кои се здоби по страшниот судар во Бахреин кога со 221 кмч се заби директно во оградата крај патеката.

Иако болидот се запали, тој успеа да излезе од болидот без ничија помош, а единствено имаше потешки изгореници на рацете поради кои ги пропушти последните две трки од календарот. Наместо да оди во Абу Даби, тој реши да се врати дома во Швајцарија и да работи на опоравување.

прекрасно, супер среќен сум што мојата десна рака нема повеќе завои. ставам многу крема по цел ден и чувството е добро да биде раката во таква форма. чекам да видам како е левата рака – напиша гросжан под слика од својата рака на својот инстаграм профил.

Штом откри дека нема да се појави на последната трка од сезоната, која требаше да биде негова последна во Хаас и речиси сигурна во Формула 1, тој откри дека не сака да го ризикува своето здравје само за да вози.

се обидов се што може со докторот да биде раката во колку што може подобра позиција, но ризикот да се тркам е преголем за моето здравје. иако беше една од најтешките одлуки која сум ја донел, дефинитивно е една од најпаметните.

Сепак, тој се надева дека кобното Бахреинско Гранд При нема да биде негово послендо појавување во Формула 1 болид. Французинот посакува приватен Формула 1 тест со некоја екипа, Хаас веќе најавија дека немаат можност за тоа поради што немаат мотори во старите болиди, а Мерцедес изрази подготвеност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ