Гросжан: Индикар болидите се слични на оние во Ф2

Поранешниот Формула 1 возач на Хаас и сегашен Индикар пилот, понуди споредба помеѓу болидите кои се користат во двете тркачки серии.

Французинот кој со страшен судар во Бахреин го заврши својот Формула 1 престој, веќе имаше деби во американски Индикар и вели дека болидите кои се користат во Америка немаат шанси со брзината, потисната сила, грипот и технологијата која се користи во Формула 1.

индикар е повеќе како формула 2 болид, поедноставно е, но аеродинамички поосетливо. формула 1 има неверојатна технологија во болидите во однос на потисната сила и тие многу подобро минуваат низ кривини одошто индикар. кога ќе го возам мерцедес в10 ќе добиете повеќе детали – најави гросжан.

Французинот го објасни чувството при возење болид во Индикар и што може да се направи за д се подеси болидот за подобри перформанси.

може исто така да го подесите болидот по вашиот стил што е одлично. тоа се прави со поместување на рол баровите, центрите, амортизерите и други работи. всушност, имате одличен механички грип што е клучно за патеки на какви се вози индикар затоа што има многу брзи кривини, а клучни се оние бавните. учењето како да се вози овој болид е многу поинакво од она во формула 1.

Тој исто така ги потенцираше и разликите во моќ помеѓу болидите од двете серии како и различните гуми кои се користат.

би рекол дека индикар има 40% помалку моќ. многу е, но формула 1 има околу 1.000 коњски сили, ако не е и повече, а во индикар има околу. 600, не знам точно, ајде да речеме 650 коњски сили.

во врска со гумите, нема ќебиња и треба да бидете многу внимателни кога излегувате од гаражата, но гумите се одлични и може да притискате цело време без проблем.

На крајот тој се осврна на природата на трките во американската серија кои се повеќе спринт во текот на сите кругови и го нема менаџирањето кое константно постои во Формула 1.

се вози “до даска“ цела трка, нема менаџирање, нема штедење гуми и гориво, понекогаш се обидуваме со различни стратегии, но трката е спринт. во тој поглед е многу физичка и уживање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ