Гросжан нема интерес да се врати во Ф1

Веќе поранешниот возач на Хаас, французинот Роман Гросжан, смета дека неговата Формула 1 кариера е завршена и нема интерес и желба да се врати во спортот. 

Французинот кој прв пат се појави во врвната моторспорт тркачка серија во 2009 година и го напушти спортот по крајот на минатата година по пет сезони минати со Хаас. Гросжан не беше во можност во целост да ја заврши оваа сезона по ужасниот судар во Бахреин поради кој имаше повреди на рацете и не можеше да ги извози последните две трки. 

Тој отфрли било каква шанса за враќање во споротот. 

Не, не жалам воопшто. Мојата одлука беше финална да не одам во Абу Даби. Пред да одам на доктор, сфатив дека не можам да возам. Имав шанса и само си потврдив дека не можам. Кога ќе донесеш сам одлука полесно ја примаш – откри роман.

Гросжан сеуште не ги има објавено своите планови за тоа што планира по Формула 1, иако се поврзува со место во американски Индикар, каде се вдоми и неговиот колега од Хаас, Кевин Магнусен.

Од возачка кариера мислам дека е готово. Не би сакал да се вратам само за да бидам таму, во формула 1. Тоа не ме интересира.

кога си на гридот, а добрите места се зафатени, Немам интерес да се вратам. Имам мала улога во здружението на возачите и ќе учествувам на состаноците затоа што Тоа ми е при срце. 

Тој изјави дека во моментов се концентрира на враќање на трките и не планира никаква улога како коментатор или менаџер. 

Не сум размислувал за тоа. Во моментов не сум заинтересиран за таква работа. Само будали се премислуваат. Сега барам ново поглавје во мојата кариера и Сакам да продолжам со тркањето. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ