Гросжан останува поврзан со Хаас преку еспортс тимот

Роман Гросжан и во иднина ќе остане во контакт со Хаас откако екипата се договори со него да го менаџира нивниот еспортс виртуелен тим како дел од неговиот Р8Г Еспортс.

Последната трка за французинот беше за Хаас на Бахреинското Гранд При лани каде имаше огромен судар и здоби тешки изгореници на рацете, по што ги паузираше последните две трки од сезонаа. Претходно веќе беше потврдено дека на крајот на годината ќе го напушти тимот, а годинава потврди дека ќе се трка во американски Индикар за Дејл Којн Рејсинг.

Тој стана дела од виртуелните спортови со своја екипа лани преку тим составен од 17 професионални тркачи во симулатор и се тркаше во различни трки и платформи.

среќен сум што добив дозвола да го менаџирам виртуелниот тим на хаас годинава во ф1 еспортс про серијата преку мојот р8г еспортс. во виртуелните трки сум повеќе од една година и верувам дека на мојот тим одлично му оди, а за мене да му помогнам на хаас и да се тркаме заедно ќе биде одлична приказна.

јасно е дека ќе продолжеток на она што заедно го почнавме и поради тоа сум нетрпелив на првата заедничка трка да видиме што можеме да направиме – вели роман.

На ова, шефот на екипата, Гунтер Стаинер, дополни:

воодушевени сме што ќе можеме да го користиме ентузијазмот на рома за виртуелните трки како и искуството на неговиот р8г кои долго учествува во виртуелните трки. тоа е важен чекор за нас во однос на вклучувањето во виртуелните трки. знаеме како да бидеме партнери со група професионални кои навистина ги разбираат виертуелните трки и може да ни помогнат со нашата програма.

имавме настани за паметење и освојувавме одлични поени во ф1 епосртс про серијата лани, дури имавме и победи и ќе биде фантастично да ја задржиме формата и под контрола на е8г епосртс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ