Гросжан: Сеуште има неодговорени прашања околу несреќата

Роман Гросжан изјави дека сеуште има неодговорени прашања околу неговата несреќа во однос на безбедноста на моторспортот. 

Поранешниот возач на Хаас имаше удар со силина од 60 Г во бариерата на Шакир во првиот круг. Тој успеа да излезе од болидот и да мине само со изгореници на рацете откако болидот се запали. 

Французинот е свесен дека халото одиграло важна улога во несреќата додека заштитната облека ја извршила својата улога но сеуште има место за подобрување. 

Мислам дека многу работи може да се научат од инцидентот. Во мојот случај среќен сум што сум жив и што можам да зборувам и да се присетам на се. Не знам колку е тоа добро за мене. Верувам дека има делови од безбедноста кои може да се подобрат – изјави гросжан.

Партнерот на Хаас, MindMaze е глобален лидер во развој на мозочната технологија чија мисија е да ја забрза можноста за развој и адаптирање на човековиот ум. Преку соработка со Мекларен, компанијата разви посебна балаклава која ги снима мозочните реакции и ги пренесува до медицинските тимови во живо. 

Гросжан призна дека е зачуден што не се онесвестил и верува дека тоа е поради неговиот мозок. 

По секој инцидент има многу да се научи. Има сиви обласи и прашања околу мојот инцидент. Ова е голем чекор за мене да разберам што се случува со кацигата и со мозокот.

Физички излегов без проблем, но имав изгореници на рацете и мислам дека ракавиците може да се подобрат.

Но, што се случува со мозокот на возачот? Верувам дека со MindMaze може да се разбере што се случувало со мојот мозок, со мојата кацига и зошто не изгубив свест. Со таков удар се губи свест барем на неколку секунди, Но јас бев свесен и тоа ми го спаси животот. 

Мора да се разбере преку сензорите што може да подобриме кај кацигата и наслонот за глава за безбедноста на возачот и како тој да остане свесен и да излезе од болидот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ