Гросжан се врати во симулатор еден месец по несреќата

Веќе поранешниот возач на Хаас во Формула 1, французинот Роман Гросжан, откри дека состојбата на неговите дланки е драстично подобра и еден месец по несреќата тој се врати во симулаторот на вирутелни трки.

Минатиот месец тој преживеа страотна несреќа кога со својот болид излета директно во ограда со преку 220 кмч, но за чудо успеа самиот да излезе од болидот кој гореше и заработи само изгореници на дланките. Роман продолжи да се лекува во Швајцарија и ја пропушти последната трка во сезоната, но на крајот од годинава се врати преку виртуелните трки на тркањето.

Во Вторник тој преку Твитер објави дека дури бил да вежба во теретана и играл тенис, а во Среда и де стркал виртуелно на Нирбургринг во Формула 3 болид на Далара.

рацете ми се се подобро, суеште се мачам со мојата лева дланка и сум ограничен во движењето со неа. најголем проблем е левиот палец кој не можам целосно да го свиткам – напиша Роман на твитер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ