Гросжан: Сите се нетрпеливи за Мајами

Роман Гросжан, поранешниот Формула 1 и сегашен Индикар возач, откри дека многумина во Америка се нетрпеливи за првото Гранд При во метрополата на Флорида кое ќе се случи годинава.

За француки Canal Plus, тој откри дека ќе присуствува на првата трка во Мај на Меѓународниот Автодром Мајами околу Хард Рок Стадионот.

сите зборуваат за таа трка, тоа ќе биде настанот на годината овдека.

чув дека влезниците веќе се целосно распродадени и тоа се случило за помалку од еден час, хотелите се букирани секаде и сигурен сум дека ќе биде одличен настан.

месецот Мај е период кога во Америка се случува Индијанаполис 500, така што сигурно ќе има одличен период. во америка чувствувам дека има голема и вистинска љубов кон формула 1 и тоа е фантастично – вели гросжан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ