Гросжан смета дека можел да биде шампион

Роман Гросжан смета дека во 2013 година тој бил на пат остварување на својат цел, а тоа е да стане Формула 1 шампион и верува дека можел тоа да го стори со подобар болид.

Во 2013 година французинот беше во својата животна форма, возеше за Лотус, ја заврши сезоната со четири подиуми во последните шест трки и беше единствен кон постојано беше предизвик за Себастијан Фетел кој таа сезона ја освои својата последна титула со Ред Бул. Тоа се покажа како врвот на неговата кариера, а потоа никогаш немаше силен болид.

Всушност, не сум фрустриран за тоа. Секој пат кога имав шанса, ја користев. Во Валенсија во 2012 година имав технички проблем, безбедносно возило во Германија, а потоа и стратегијата во 2013 година.

Ако жалам за нешто, тоа е што со Лотус се беше многу полошо во 2014 година. немав добра можност со врвен тим во тоа време. Во 2013 година, покажав дека можам да станам шампион, или барем да победам на трки. Кими премина во Ферари и имаше проблеми, но јас не добив многу потоа.

Кога ќе го пропуштите возот, тешко е да се вратите бидејќи стартувате од позадина и луѓето се помалку заинтересирани – појасни гросжан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ