Дамиани демантира дека Монца нема организира трка

Претседателот на Италијанскиот моторспорт клуб, Анџело Стичи Дамиани, ги демантираше тврдењата на медиумите дека Италијанското Гранд При во Монца нема да биде дел од овогодинешниот Формула 1 календар.

Германски Bild објаи првичен, неофицијален календар на кој ги немаше италијанска Монца, холандски Зандворт, но и белгиската Спа.

убедени сме дека нашата гранд при трка ќе биде дел од календрот, иако речиси сигурно е дека ќе се вози без публика. не ги разбираме лажните вести дека нема да организираме трка и не знаеме од каде потекнуваат.

не знаеме што ќе се случи на почетокот на септември, но се надеваме дека кризата ќе биде завршена. се надеваме дека во меѓувреме ќе се случи чудо, но се подготвуваме за трка без публика – изјави дамиани за Sky Sport 24.

Тој најави и дека преговорите за да се организира трка без публика ќе мора да бидат водени со Либерти Медиа со кои имаат договор да организираат насан и “дебело“ да платат за тоа.

јасно е дека ние ќе се жртвуваме и јасно е дека не е во наш интерес да немаме публика на патеката од многу фактори. мораме да се договориме затоа што недостатокот на публика значи и многу загубени приходи за нас, а тоа т голем проблен.

Во врска со евентуално организирање на две трки во Монца, поради карактеристиките и брзината на патеката, Дамиани негираше дека постои можност за трка во обратен смер.

патеките имаат насока за возење со сите бариери, тротоари и структури кои се наоѓаат и се дизајнираат за таа намена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ