ДАС ќе може да се користи до крајот на годинава

ФИА ќе им дозволи на екипите да користат Управување со двојна оска (ДАС) до крајот на оваа сезона, а таквиот систем ќе биде забранет од почетокот н следната година. Системот кој го подесува аголот, а со тоа и допирната површина на предните тркала преку извлекување на воланот е главна тема за разговор по вториот тест ден во Барселона.

Мерцедес кои го измислија системот објавија дека биле во контакт со Федерацијата дали таква направа е дозволена за користење така што иаоко ривалите негодуваат, се чини дека измислицата на Мерцедес е согласно правилата.

Следните правила кои ќ естапат на сила од 2021 година забрануваат било какво поместување на боланот освен ротација за управување на болидот на некоја страна, така што ДАС системот или сличен на него би биле нелегален.

Сепак, не е јасно дали ФИА од самиот почеток решила да стави ваква забрана или пак тогаш почнале контактите со Мерцедес, а во врска со нивниот систем и испитување на легалноста на истиот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ