Детали за новата дигитална платформа на Ф1

Искочија првите детали за дигиталниот сервис кој ќе го започне Формула 1, а има за цел да ја доближи тркачката серија до фановите. Се работи за ‘over the top’ (OTT) тип на дигитална платформа. Новите сопственици на спортот се на чело цела година и упорно бараат нови начини за промоција преку дигиталните медиуми и социјалните мрежи како и преноси кои ќе ја исклучат традиционалната теоевизија.

Според она што го пишува на F1 Broadcasting, поранешниот ГП2 и Формула 1 коментатор на НБЦ, Вил Бакстон, ќе бииде прв човек на новиот сервис, а освен него се споменуваат и Џејмс Ален, Џони Херберт и Росана Тенант.

Во план се снимки од камерата во секој болид, пренос од споредните трки на Гранд При викендите како и целосен пристап до видео архивата на Формула 1. Се шпекулира дека трките ќе ги коментираат коментаторите на Sky Sports F1, Дејвид Крофт и Мартин Брандл, чии гласови ќе ги позајми оваа платформа.

F1 Broadcasting пишува дека првично само пет земји ќе имаат пристап до ОТТ сервисот и тоа Америка, Мексико, Германија, Франција и Холандија, а Шпанија и остатокот од Латинска Америка се следни на листата кои може многу брзо да бидат дел од дигиталниот сервис пред негова официјална промоција.

Планирано е започнување на нашата дигитална платформа. Ќе донесеме директен стриминг до фановите како при преноси во живо така и снимена содржина, а фановите ќе имаат податоци директно од секој болид. Секако дека ќе понудиме различни пакети односно нивоа на претплата во зависност од работите кои се желба на претплатникот.

Пазарот покажа дека дигиталните платформи можат да постојат заедно со класичните телевизиски преноси во живо и ова никако не значи дека ги напуштаме нашите ТВ партнери. Годинава ќе промовираме нова графика при преносите која е многу попријатна за фановите од постоечката.

Во однос на бесплатните и платените преноси, бесплатните значат достапност до многу луѓе, но парите се на платените телевизии. Идеално 25-30% од трките треба да бидат бесплатни, а останатите да се плаќаат. Тој систем работи во Франција и во некои други земји – појасни Шон Брачес, Комерцијалниот шеф на Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ