Дејвидсон: Алонсо беше нетрпелив со Хонда

Поранешниот Формула 1 возач, Антони Дејвидсон, смета дека Фернандо Алонсо посакува да имал повеќе трпени со Хонда додека јапонците биле апртнери со Мекларен годинава.

Нандо се врати во Вокинг во 2015 година, исто како и јапонскиот производител кој се врати во спортот како снабдувач со мотори прв пат по 1992 година. Во трите сезони минати заедно, Мекларен и Хонда беа очајни и редовно најбавни, а во тој период, шпанецот гласно ја критикуваше Хонда, се жалеѓе на интервјуата и преку тимското радио.

Партнерството помеѓу двете компаии беше прекинато во 2017 година, потоа на јапонците “им тргна“, а Мекларен се подобрија најпрво со Рено, а потоа и со Мерцедес.

Дејвидсон, кој во својата кариера има големо искуство со Хонда, посочи дека јапонците многу почесто испорачуваат и си го одржуваат ветеното одошто “кикснуваат“.

се прашувам што мисли алонсо за перформансите на хонда последнава година. од моето минато искуство со нив, знам дека им треба време за да напредуваат, но секогаш успеваат да стигнат до целта, единствено мора да им дадете простор да работат на свој начин – посочи дејвидсон.

Лично тој смета дека четирикратниот првак посакувал да биде потрпелив во соработката со Хонда.

се прашувам дали во моментов се мачи зошто не бил потреплив во односот со хонда. секако дека никој не може да ја предвиди иднината, но сакам да знам како гледа на хонда и нивниот толку силен мотор. се прашувам дали смета оти мекларен можеле да продолжат да работат со нив, тој да продолжел да вози и да стигнел до титула.

Хонда најпрво почна да работи со Торо Росо, а потоа и со Ред Бул од 2019 година, Мекларен по разделбата со јапонците три години користеа Рено мотори за минатата сезона да го обноват партенрството со Мерцедес и да стигнат до врвот од средината на поредокот. Но, Дејвидсон смета дека во Вокинг можеле да бидат уште подобри доколку решеле да останат со Хонда.

не знам дали алонсо можеше да се бори за титули, но мекларен може да имаат хабричка поддршка од хонда каква што има ред бул откако почнаа да работат заедно. мекларен во моментов користат моќен мотор на мерцедес кој е веројатно и малку посилен од оној на хонда, но се работи за буџетот кој ќе го имаа, тоа е многу важно.

наместо да плаќаат пари на мерцедес за мотори, може да имаат бесплатен мотор на хонда, а парите што ги трошат на мотор ад ги инвестираат во шасија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ