Де Врис со прва официјална изјава по отпуштањето од АлфаТаури

Холанѓанецот проговори за прв пат официјално откако беше отпуштен од АлфаТаури во корист на Даниел Рикардо.

Ник де Врис вели дека е болно што неговата кариера во Формула 1 завршува предвреме, откако доби отказ од АлфаТаури на средината на сезоната.

Во изјавата на својата страница на Инстаграм, Холанѓанецот им се заблагодари на Ред Бул и АлфаТаури за укажаната можност, додавајќи дека планира да се одмори од социјалните мрежи.

Ова доаѓа откако менаџерот на Де Врис отфрли серија коментари за кои се тврди дека се од холандскиот возач, додавајќи дека таборот на Де Врис размислува за правна постапка против оние кои ги објавија лажните коментари.

Даниел Рикардо ќе го заземе неговото место за преостанатите трки за годината почнувајќи од Големата Награда на Унгарија овој викенд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nyck De Vries (@nyckdevries)

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ