Де Мео: Алпин не може да си дозволи слаба сезона

Главниот извршен директор на Рено, Лука де Мео, смета дека Формула 1 тимот на Алпин, ребрендираниот фабрички Рено, не смее да си дозволи слаба сезона годинава и покрај тоа што се фокусирани на 2022 година.

По ребрендирањето на почетокот од сезоната, својата официјална промоција тимот ќе ја има на Големата награда на Бахреин викендов со двократниот првак Фернандо Алонсо кој се враќа на гридот како колега на веќе староседелецот Естебан Окон.

Францускиот тим заврши на 5то место во поредокот лани и беше последен од трите екипи кои се бореа за 3то место во поредокот, а во годината оствари и три подиуми. Де Мео сака да ги надогради ланските перформанси, иако е фокусиран кон промеата на правилата догодина.

за да бидеме успешни мораме пред се да се натпреваруваме со самите себе. мислам дека треба да бидеме подобри секоја следна трка. ќе се обидеме да не назадуваме во однос на ланските перформанси и резултати, но ќе биде тешко затоа што сите многу се подобрени.

имаме нов дух и атмосфера, имаме луѓе како алонсо кои доаѓаат, а тој е човек кој носи резултати. но, фокусирани сме на следната година кога гледаме огромен предизвик, но и шанса, иако не смееме да си дозволиме оваа година да не сме добри.

фернандо сака секогаш да победува, го имаме и естебан кој е млад и гладен да се докаже и не смееме да го трошоме нивното време со години и лоши перформанси. тие се мотивирани, а ние треба добро да ги опслужиме како екипа. тука сме да работиме и да се подобруваме на секоја следна трка.

да видиме што ќе се случи затоа што сите тимови се подобри од лани – трпелив е де мео.

Де Мео од минатото лето е прв човек на Рено и донесе одлука екипата во Формула 1 да се ребрендира, а французите да останат посветени на врвната тркачка серија. Тој појасни дека сака Алпин да е повеќе интегриран во Рено групацијата одошто тоа беше случај последните години.

имав чувство дека мораше од формула 1 да направиме нова приказна. рено формула 1 и рено спорт се добро познати, а го промовираме алпин кои беа некако маргинализирани и им требаше поддршка од мајката и ќе бидат силни.

алпин е еден од четирите темели на реноизацијата, еден од четирите брендови кои ќе бидат претставени пред купувачите согласно стратегијата на групацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ