Де Мео: Аплин во Формула 1 не е само поради носталгија

Извршниот директор на Рено, Лука де Мео, вели дека ребрендирањето во Алпин на нивниот Формула 1 тим не е поврзано со славните денови од историјата.

Одлуката на Рено Ф1 да се преименува во Алпин следната година цели кон развој на иднината на француската спортска марка која беше основана на 1950 година. Но, иако Алпин го достигна својот успех во 70тите, меѓу кој беше и победа на Ле Ман, де Мејо инсистира дека промената не е поради носталгија.

Наместо тоа, тој го гледа тоа како важен чекор за да започне целосна различна насока за брендот Алпин, која беше обновена од Рено во 2017 година.

Кога започнав во компанијата, Алпин беше бренд со носталгија. Носталгијата е во ред, но мислам дека треба да гледаме кон иднината. Мора да размислуваме на поинаков начин, да го користиме Алпин да ја градиме иднината, не да гледаме кон што се случило пред 60 или 50 години.

Ако има можност, ако постои бизнис можност, токму таа промена ќе биде присутна во пристапот со Алпин. 

Де Мејо верува дека ребрендирањето на Рено Ф1 тимот ќе биде повеќе од само промена на името бидејќи смета дека тоа ќе помогне кон подобрување на автомобилскиот бизнис.

Сакаме да видиме резултати што поскоро во Ф1, тогаш ќе видиме што ќе случи со Аплин. Мислам дека духот на Алпин ќе ни помогне. Знам дека иако Рено е феноменален бренд, мислам дека Алпин е подобар фит во Формула 1. Може да биде уште подобро.

Верувам дека Формула 1 треба да биде првенство на конструктори со брендови за кои луѓето сонуваат, со поврзување на трката во Недела и продажба во Понеделник. Гледајќи кон Ферари, Мерцедес, Вилијамс, но и следната година и Астон Мартин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ