Де Мео горд што го задржал Рено во Ф1

Главниот извршен директор на Рено, Лука де Мео, смета дека неговито Алпин е сеуште на прав пат за да победува во Формула 1.

Италијанецот замина од Фолксваген Групацијата во 2020 година за да го превземе раководењето на Рено во момент кога претходниот менаџмет имаше донесено одлука да ја напуштат Формула 1 затоа што е рпескапа.

ми кажаа дека рено ќе го напушти спортот, но тие имаат создадено прекрасна историј во спортот која трае повеќе од 40 години и поради тоа бев децидно против таа одлука. никогаш не сакав рено да си ја закопа својата иднина во формула 1 – изјави де мео за Le Journal de l’Automobile.

Неговото ршение беше ребрендирање на екипата, која патем има седиште во британски Енстон, по што се оживеа и познатиот Алпин бренд.

многу се подобривме и донесвме силен менаџерски теим предводен од отмар шафнауер на чело.

Некои сметаат дека развојот и перформансите на Рено стагнираат, затоа што не успеваат да предизвикаат за самиот врв и за сето тоа е виновен моторот, но шефот на компанијата не се согласува со тоа.

ние имаме долгорочен план и сакаме да победуваме на трки до нашата 100та трка. веќе сме блиску до топ 3, но во моментов за триумф ни треба многу среќа.

ние сме едени од малкуте екипи што сите делови си ги произведуваат сами. луѓето можеби сметаат дека сето тоа е само трошење пари, но конкурентноста е многу важна за нашиот бренд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ